Достапни линкови

Помпео ги поздрави православните христијани по повод Велигден


Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Американскиот државен секретар Мајк Помпео синоќа испрати поздрави до сите православни христијани кои викендов го одбележуваат празникот Велигден – Христовото Воскресение. “Испраќаме велигденски поздрави и посакуваме радост во ова благословено време на годината. Иако црквите низ цел свет од неодамна се празни, вербата го полни светот секој ден”, се вели во честитката што Помпео ја испрати од негово и името на неговата сопруга Сузан.

Борбата со коронавирусот во фокусот на велигденските пораки на политичарите

"Нека вашата вера ги зацврсти вашите надежи, како и одлучноста во време на борба со пандемијата на Ковид-19, од која страда целиот свет, независно од етничката, расната или верската припадност", додаде Помпео. Државниот секретар посочи дека САД „неуморно ќе работат со светското општество за да го ослободат светот од оваа епидемија“.

XS
SM
MD
LG