Достапни линкови

НАСА по една деценија ги менува руските ракети со американски


Американската вселенска агенција НАСА и приватната компанија СпејсИкс го определија 27 мај како датум за првото лансирање на ракета со екипаж од САД за Меѓународната вселенска станица (МВС) од 2011 година.

„На 27 мај НАСА повторно ќе испрати американски космонаути на американска ракета од американско тло“, напиша шефот на НАСА на Твитер.

САД се потпираа на руските ракети Сојуз за испраќање американски космонаути на Меѓународната вселенска станица скоро цела деценија. Американските космонаути претходно летаа до МВС со спејс-шатли, но таа програма заврши во 2011 година.

Дали е откриена планета со идеални услови за живот?

НАСА се држи до својот план за лансирање од САД и покрај пандемијата на коронавирусот. Космонаутите Роберт Бенкен и Даглас Харли ќе летаат до МВС со ракетата Фалкон 9 на СпејсИкс на леталото Crew Dragon, исто така произведено од СпејсИкс. Тие ќе полетаат од Вселенскиот центар Кенеди во Флорида, соопшти НАСА. Бенкен и Харли со години тренираат за оваа мисија, која се очекува да ги доближи САД до моментот кога нема да бидат зависни од Русија за летовите со екипаж. Во моментов на Меѓународната вселенска станица има тричлен екипаж од еден Американец и двајца Руси.

XS
SM
MD
LG