Достапни линкови

Најмногу Црногорци се заразени со коронавирус на погреби и семејни собирања


Полиција во Црна Гора

Здравствените власти во Црна Гора соопштија дека за точно еден месец откако беше потврден првиот случај на заразен со новиот коронавирус во земјата се регистрирани 303 случаи на Ковид-19, и пет починати.

Шефот на црногорскиот Институт за јавно здравје, Сенад Беѓиќ вели властите ги слушале здравствените власти, а ригорозните мерки се воведени уште пред да се појави првиот случај.

Според него, црногорскиот начин на борба со вирусот е специфичен поради малиот број население и културните особености.

„Црногорците сакаат многу да слават и жалат – ние идентификувавме најмалку три или четири погреби кои биле епидемиолошки клучни настани за ширење на заразата кога мерките се уште не биле воведени“, изјави Бегиќ.

Тој додаде дека погребите и семејните собири се главните начини на ширење на заразата во Црна Гора и дека осудата била проблемот со кој црногорските епидемиолози се соочиле на почетокот на епидемијата.

XS
SM
MD
LG