Достапни линкови

Уставниот суд во Словенија нареди преиспитување на ограничувањето на движењето


Словенија

Словенечкиот Уставен суд нареди словенечката Влада веднаш да ја испита оправданоста на мерката за ограничено движење, воведена за да се спречи ширењето на коронавирусот, како и да се анализира оправданоста за спроведување на мерката секоја недела, јавија словенечки медиуми.

Барањето се однесува на мерките усвоени на 29 март и измените донесени на 14 април, кога беше воведен полициски час во целата држава.

Уставниот суд го суспендираше членот 7 од владината уредба, во кој е утврдено дека мерките ќе останат во сила се додека не престанат „причините за нивното воведување“, бидејќи тоа остава владата да процени кога мерките би можеле да бидат укинати.

XS
SM
MD
LG