Достапни линкови

Соччево и топло за викендот, од понеделник дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб југозападен ветер.

Максималната температура ќе се движи од 21 до 27 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала облачност и температура до 25 степени.

И во недела времето ќе биде сончево и топло. Од понеделник времето ќе биде променливо со повремен дожд, кој кон крајот на денот ќе станува пообилен. Значителна промена на времето се очекува во вторник кога се очекува опаѓање на температурата, дожд, а на повисоките планини снег.

XS
SM
MD
LG