Достапни линкови

СЗО: 90.000 починати во Европа, „не го спуштајте гардот“


илустрација

Со повеќе од 90.000 мртви, Европа сè уште е „во окото на бурата“, односно пандемијата на коронавирусот, предупреди Светската здравствена организација во момент кога неколку влади решаваат или размислуваат да ги олеснат забраните воведени за да се спречи шиењето на болеста. И покрај „охрабрувачките знаци“, бројот на случаи во Европа речиси двојно се зголеми во последните десет дена, достигнувајќи скоро еден милион, наведува СЗО. Затоа, таа организација на ООН ги повикува европските лидери да не го „спуштаат гардот“ и да обезбедат контрола на епидемијата пред да бидат укинати ограничувањата.

СЗО жали за одлуката на САД за финансирањето

Откако се појави во Кина во декември, болеста зарази повеќе од два милиони луѓе ширум светот и причини смрт на повеќе од 137,000. Повеќе од 4,4 милијарди луѓе, или скоро 57 проценти од светската популација, се ставени во карантин, или во вонредни услови.

XS
SM
MD
LG