Достапни линкови

Британија ќе го задржи физичкото дистанцирање до соодветна вакцина


Лондон

Британија веројатно ќе мора да одржи одредено ниво на физичко дистанцирање сè додека не се добие вакцина за новиот коронавирус, изјави денеска Нил Фергусон, професор кој помогна во обликувањето на реакцијата на владата на пандемијата. „Мора да одржиме некое ниво на физичко растојание, значително ниво на физичко растојание, веројатно на неодредено време сè додека не дојдеме до достапна вакцина“, рече Фергусон.

Борис Џонсон излезе од болница

Бројот на смртни случаи во Британија од KОВИД-19 скоро 13.000, соопшти Министерството за здравство, иако пошироката статистика сугерира дека вкупниот број на жртви е многу поголем.

XS
SM
MD
LG