Достапни линкови

Советот за безбедност на С. Македонија ќе расправа за вонредната состојба


Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски

Советот за безбедност денеска ќе решава за вонредната состојба во државата. На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски, ќе присуствуваат и вицепремиерот задолжен за европски прашања и Национален координатор за странска помош, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче, информираа од Кабинетот на Претседателот.

Влада: За справување со коронавирусот потребна е вонредна состојба

Претходно Владата соопшти дека донесла одлука да му достави предлог на Претседателот во кој се оценува дека за успешно справување со коронавирусот потребно е продолжување на вонредната состојба во државата. На 18 март беше прогласена вонредна состојба на територија на цела држава во траење од 30 дена.

XS
SM
MD
LG