Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сее лаги место да помага во кризава


СДСМ ги врти истите лаги истиот текст секој ден, како на расипана грамофонска плоча ја трујат јавноста со невистини. ВМРО-ДПМНЕ веќе одамна кажа дека ќе се откаже од државното финансирање, но функционерите на СДСМ не се откажуваат од своите плати, соопшти денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи ја владејачката партија за „сеење лаги место помош за граѓаните и фирмите во време на пандемијата“.

„СДСМ ја лаже јавноста и не се откажува од својот профит за време на криза. Олигархијата заработува милиони, а народот и претприемачите осиромашуваат. Наместо водење на ПР во криза СДСМ требаше одамна да ги засука ракавите и да им помогне на граѓаните и фирмите, но тоа не го видовме, гледаме само сеење на лаги“, стои во сооптението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

XS
SM
MD
LG