Достапни линкови

Палмер: По победата над Ковид-19, брзо враќање на граѓанските слободи


Метју Палмер

Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан и заменик-помошник државен секретар, Метју Палмер, изјави дека по пандемијата на коронавирусот секаде треба да следува укинување на привремените мерки и враќање на почитување на претходните граѓански слободи.

Палмер рече дека во регионот, како и во поголемиот дел од светот, најитно се потребни тестови, опрема за лична заштита и поддршка за персоналот во итни случаи, потсетувајќи дека во Србија стигнале 6.000 тестови за коронавирусот и помош во храна и санитарни пакети.

Палмер, во интервју за Гласот на Америка на српски јазик, за американската помош во регионот во борбата против „ковид-19“, истакна дека САД даваат значителна помош за Балканот, но дека таа помош понекогаш е заемна.

XS
SM
MD
LG