Достапни линкови

Владата одби предлог економска мерка од ВМРО-ДПМНЕ


Влада на Република Северна Македонија

Владата соопшти дека уредбата со законска сила за ограничување на преносот на придонесот за задолжително и капитално финансиско пензиско осигурување која ја предложи ВМРО-ДПМНЕ преку својот технички министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, е на штета на осигурениците и дека од тие причини не ја прифаќа.

Со Уредбата предложена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ е предвидено од април до крајот на 2020 година да не се врши уплата на задолжителниот дел од придонесот за пензиско осигурување на осигурениците во приватните пензиски фондови, а истиот да се компензира на сметките на осигурениците во период од три фискални години, започнувајќи од 2022 година.

„Средствата за пензиски придонес се сопственост на постојните осигуреници – идни пензионери, и со оваа уредба предложена од ВМРО-ДПМНЕ директно би се засегнала личната сопственост на околу 500 илјади осигуреници. Како Влада којашто е одговорна кон секој поединец во државата сметаме дека е неодговорно да се манипулира со средствата на граѓаните. Исплатата на платите за месец март во април, е веќе во фаза на реализација, а со тоа и преносот на средства на оние осигуреници кои земале плата е реализиран на нивните сопствени сметки во приватните фондови“, стои, меѓу другото, во поширокото образложение на Владата.

XS
SM
MD
LG