Достапни линкови

Трамп ги свика лидерите на Г7 на видео-врска за пандемијата


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп в четврток ќе одржи видео-конференција со лидерите на Г7 за да ги координираат националните одговори на пандемијата на коронавирус, соопшти Белата куќа. Трамп, кој е шеф на Г7 оваа година, мораше да го откаже годишниот самит на групата, што тој планираше да го одржи во „Камп Дејвид“, Мериленд, во јуни. Во групата на седум држави спаѓаат САД, Франција, Британија, Италија, Канада, Јапонија и Германија.

Разговори на Г7 за „дезинформациска кампања“ на Кина

Британскиот премиер Борис Џонсон беше пуштен од лондонската болница оваа недела по третманот за вирусот, кој го остави на интензивна нега неколку дена. „Работејќи заедно, Г7 презема пристап за да се справиме со кризата низ повеќе области, вклучувајќи ги здравството, финансиите, хуманитарната помош и науката и технологијата“, рече портпаролот на Белата куќа Џуд Дир.

XS
SM
MD
LG