Достапни линкови

Милошоски: Уредбата за исплата на поранешните вработени во СЈО пред Уставен


Пратеникот Антонијо Милошоски

Координаторот на досегашната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, поднесе иницијатива до Уставниот Суд за поништување на уредбата со законска сила која се однесува на исплатата на големи пари за поранешните вработени во СЈО, информираше пратеникот Антонијо Милошоски на прес-конференција.

„Очекуваме Уставниот Суд во најбрзо можно време да се произнесе по оваа предлог иницијатива. Прво институтот „вонредна состојба“ има две главни компоненти од кои едната е законска рамка, а другата е оперативна рамка. Тоа е фактички вонредната состојба. И секогаш кога има законска рамка, законската рамка на било која уредба со законска сила мора да се однесува на темата која што е основа за прогласувањето на вонредната состојба. Уредбата за исплата на пари на поранешни вработени, службеници, истражители во СЈО нема никаква допирна точка со основата за прогласување на вонредна состојба во Република Македонија, а тоа е борба со пандемијата и вирусот ковид-19 и неговите здравствени и економски последици. Затоа сметаме дека оваа уредба е незаконита, е противуставна и е спротивна на уредбите кој што Република Македонија ги ратификувала како членка на Советот на Европа“, рече Милошоски.

XS
SM
MD
LG