Достапни линкови

Курти: Тачи се меша во работата на Владата


Албин Курти

Косовскиот премиер Албин Курти го обвини косовскиот претседател Хашим Тачи за „континуирани интервенции“ кои претставуваат мешање во работата на владата во времето на пандемијата со коронавирусот. Во писмото до Тачи, Курти вели дека приоритет на Владата е да се спречи ширењето на вирусот и дека сите партиски и политички прашања биле „од секундарна важност“ во ова време.

Тачи го отфрли предлогот на Курти за косовскиот тим за преговори со Србија

"Јас не ги разбирам двојните стандарди што вие и политичките партии се обидувате да ги наметнете неуставно, по гласањето за недоверба во Владата, што не е во формална или материјална смисла различна од претходните практики. Можеби ќе можете да ги објасните", наведува Курти во писмото.

XS
SM
MD
LG