Достапни линкови

Путин: Русија да биде подготвена за „најлошото сценарио“


Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија се соочува со зголемен број на критично болни со ковид-19 и дека мора земјата да се подготви за „најлошото сценарио“. На видео-состанокот Путин им кажа на официјалните лица дека треба да бидат подготвени да го подготват медицинскиот персонал и опремата низ сите региони за да одговорат на ситуацијата што брзо се менува.

Русија ги затвори црквите за Велигден

Путин им нареди на службениците да ангажираат дополнителен персонал од универзитетите и медицинските училишта. Русија има вкупно 18.328 заразени и 148 смртни случаи. Околу две третини од сите случаи се во и околу Москва.

XS
SM
MD
LG