Достапни линкови

Во Иран расте бројот на жртви од Ковид-19


Илустрација - здравствен работник во Иран.

Бројот на починати од Ковид -19 во Иран порасна за 117 во изминатото деноноќие, со што вкупната бројка на жртви од вирусот е 4.474 лица, соопшти денеска портпаролот на Министерството за здравство Киануш Јаханпур.

Земјата има регистрирано 71.686 случаи на новиот коронавирус што ја предизвикува болеста, додаде Јаханпур наведувајќи дека во последните 24 часа потврдени се 1.657 нови случаи на коронавирус.

Иран е земја која најтешко е погодена од пандемијата на Блискиот Исток. Многу Иранци и меѓународни експерти сметаат дека иранската влада, која беше критикувана за бавниот одговор, намерно ги намалува резултатите од пандемијата.

Техеран повторно отвори некои „ниско-ризични“ бизниси во повеќе делови од земјата со исклучок на главниот град Техеран, каде тие ќе бидат отворени од 18 април, соопштија официјални ирански медиуми.

Иранските власти ги повикаа граѓаните да ги почитуваат здравствените протоколи, во услови кога земјата се бори да го спречи ширењето на заразата.

XS
SM
MD
LG