Достапни линкови

Авганистанската влада ослободи 100 талибански затвореници


При изборот на затворениците за ослободување земени се предвид нивната здравствената состојба, возраста и должината на преостанатата казна.

Авганистанската влада ослободи 100 талибански затвореници, соопшти днеска авганистанскиот Совет за национална безбедност (НСЦ). НСЦ на Твитер објави неколку фотографии од затворениците и наведе дека тие биле ослободени на 11 април.

Совоетот соопшти дека здравствената состојба, возраста и должината на преостанатата казна биле земени предвид при изборот на затворениците за ослободување.

Владата од 8 април ослободи вкупно 300 талибански затвореници. Во меѓувреме, портпаролот на Талибанците изјави дека милитантната група ќе ослободи 20 затвореници и ќе ги предаде на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Кандахар.

Пактот потпишан од страна на САД и Талибанците во катарскиот главен град Доха на 29 февруари, ја повикува авганистанската влада да ослободи 5.000 талибански борци, како мерка за градење доверба пред официјалните мировни преговори со цел ставање крај на 18-годишниот конфликт.

Талибанците ветија дека ќе ослободат околу 1.000 авганистански владини трупи и цивилни работници.

Завозврат за почеток на разговорите и низа безбедносни обврски од Талибанците, трупите на САД и другите сили на странската коалиција треба да се повлечат од Авганистан во рок од 14 месеци.

XS
SM
MD
LG