Достапни линкови

Во дебарските села нема заболени од коронавирус


Дебар е во карантин поради пандемија на коронавирус.

Во општина Дебар сите заболени од Коронавирус се во градот и до сега нема ниту еден заболен од овој опасен вирус во селските населби.

Податоците на единицата за јавно здравје во Дебар велат дека сите 47 болни во општина Дебар се од градот. Според истиот извор, ова фактички докажува дека Ковид 19 е вирус кој инфицира лица кои се во блиски контакти, затоа е неопходно да се држи дистанца.

Во општина Дебар добар дел од населението живее во руралните средини. Ниту во најголемото дебарско село Могорче ниту пак во другите села како што се Долно Косоврасти, Горно Косоврасти, Џепишта и Отишани нема болни од Ковид 19, и покрај тоа што над 70 отсто од населението е на печалба во Италија. За среќа овие печалбари за време на екот на болеста во Италија, останаа таму и не дојдоа во родниот крај.

Жителите на наведените села доаѓаат во Дебар пред се заради снабдување со прехранбени артикли, потоа поради здравствени проблеми, но и други потреби, но потоа брзо се враќаат во своите рурални средини, така што немаат контакти со заболените средини во градот.

XS
SM
MD
LG