Достапни линкови

Владата ја донесе Уредбата за определување минимална плата за функционерите


Седница на Владата на Република Северна Македонија.

Владта ја донесе уредбата за определување на висината на платата на избраните, именуваните и назначените лица во јавниот сектор за време на вонредна состојба, со што на сите министри, пратеници, судии, обвинители, директори, градоначалници, претседателот и други назначени во јавниот сектор им е определена минимална плата од 14.500 денари за месеците април и мај, како дел од мерките за справувањето со пандемијата на коронавирусот, соопштија денеска од владината прес-служба.

Со оваа Уредба се опфатени и претседателите и членовите кои раководат со регулаторно тело, лица кои раководат со институциите кои вршат дејности од областа на образованието, културата, социјалната заштита и заштита на детето, спортот и институциите кои вршат работи од јавен интерес, а се организирани како агенции, фондови, правни лица на кои им е доверено вршење на јавно овластување, јавни установи, јавни претпријатија основани од Северна Македонија, од општините, од Градот Скопје и неговите општини и акционерските друштва во целосна сопственост на државата, се вели во соопштението.

„Заштедата по основ на оваа Уредба со која се опфатени 1.165 функционери и 895 директори на втора линија буџетски корисници и на институции кои се финансираат преку блок дотации изнесува околу 240 милиони денари за 2 месеци“, наведуваат од Владата.

Целта на Уредба за определување на минимална плата на функционерите е обезбедување на средства за имплементација на економските мерки донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија за справување со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот КОВИД -19.

XS
SM
MD
LG