Достапни линкови

Штипјанец заболен од коронавирус не ја почитувал самоизолацијата


Коронавирус. Илустрација.

Жител на Штип заболен од коронавирус наместо во самоизолација излегол со возило и фрлал отпад во близина на Здравствениот дом во градот, при што јавен обвинител предложи да му се изрече казна од 2.000 евра поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

„Обвинетиот на 24 март добил известување од вирусолошката лабораторија на ПЗУ Поликлиника „Жан Митрев“ дека неговиот резултат од испитувањето на Ковид-19 е позитивен, при што му било издадено Решение со кое се одредува лекување и изолација во домашни услови“ соопштија од Јавното обвинителство.

Тој на 30 март, како што наведуваат од обвинителството, го напуштил неговиот дом.

XS
SM
MD
LG