Достапни линкови

Осум лица кои биле во самоизолација позитивни на коронавирус во Дебар


Дебар е во карантин поради пандемија на коронавирус

Кај 15 болни од коронавирус кои изминатите две недели беа во домашна изолација во Дебар по втор пат е земен брис ,по што е утврдено дека 8 од нив повторно имаат потитивен резултат, додека другите се целосно излечени. Оваа денеска го соопшти градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука. Тој притоа додаде дека во изолација со решенија дека се болни и во самоизолација како сомнителни кои имале контакт со болни лица моментално се 71 лице. Полицијата врши редовни контроли на овие лица, и истите се под контрола на лекарските екипи.

Дебар и Центар Жупа чекаат владина одлука за кризната состојба

Дика информираше дека со цел да зајакне дадровската екипираност на Општата болница во Дебар вработени се 4 медицински сестри , втората екипа на лекари специјалисти од други болници продолжува да биде во Дебар, а Владата дала зелено светло за бараната медицинска опрема за болницата.

Општинскиот штаб е во очекување на владина одлука дали по еден месец карантин за Дебар ке има нова одлука за надминување на оваа состојба.

XS
SM
MD
LG