Достапни линкови

Тачи го отфрли предлогот на Курти за косовскиот тим за преговори со Србија


Албин Курти и Хашим Тачи

Претседателот на Косово Хашим Тачи, по повод намерата навршителот на должноста премиер Албин Курти да формира тим за преговори со Србија, оцени дека тоа е само една „лична желба“ на премиерот, кој со апсолутно мнозинство беше разрешен од страна на Собранието на Косово. Неговата реакцијата уследи откако Курти завчера го информира новоименуваниот посредник на Европската унија за дијалогот Приштина – Белград, словачкиот дипломат Мирослав Лајчак дека Уставот на Косово го обврзува него, како претседател на владата, да го формира и да го води преговарачкиот тим.

Лајчак назначен за специјален претставник на ЕУ за Западен Балкан

Во тој тим, како што наведе во преписката со Лајчак, косовскиот премиер во оставка планира да ги вклучи претседателот на државата Тачи и претседателката на Собранието Вјоса Османи, како и претставници на косовските парламентарни политички партии.

XS
SM
MD
LG