Достапни линкови

Борис Џонсон го напушти одделот за интензивна нега


Борис Џонсон - архивска снимка

Британскиот премиер Борис Џонсон, заразен со коронавирус излезе од одделот за интензивна нега, објави синоќа неговиот кабинет. Во соопштението се вели дека Џонсон бил пренесен во вообичаениот оддел на лондонската болница Сент Томас, каде што неговата состојба ќе се следи редовно во текот на првата фаза на закрепнувањето.

Британскиот премиер со подобрена здравствена состојба на интензивна нега

55 годишниот Џонсон помина три дена на интензивна нега, каде беше префрлен во понеделникот вечерта по влошување на симптомите. Вирусната инфекција во Британија е потврдена кај 65.077 луѓе, од кои 7.978 починаа.

XS
SM
MD
LG