Достапни линкови

ММФ: Пандемијата ќе ја предизвика најголемата економска криза досега


Прес конференција на челниците на ММФ

Глобалната пандемија на коронавирусот ќе ја предизвика најлошата економска криза по Големата депресија од 1929-1933 година, а тоа само по себе ќе бара и масовен одговор за да се обезбеди економско закрепнување, предупреди денескаМеѓународниот монетарен фонд. Шефицата на ММФ Кристалина Георгиева вели дека „глобалниот економски раст ќе биде негативен во 2020 година“ и дека 170 од 180 членки на ММФ ќе имаат пад на приходите по глава на жител.

Георгиева ова го изјави на прес конференција во Вашингтон на само една недела пред најавените состаноци на претставници на ММФ и Светска Банка чија цел ќе бидат разговори околу ограничувањата наметнати од борбата против Ковид 19.

„Постои огромна неизвесност околу перспективата, околу времетраењето на пандемијат, како и околу прашањето- дали може ситуацијата да се влоши“ изјави таа.

Експертите од ММФ очекуваат делумно закрепнување на светската економија дури следата година, базирано на претпоставката дека здравствената криза ќе згасне, со што ќе им овозможи на бизнисите да се рестартираат по укинувањето на разните забрани кои сега се на сила.

За да ги ублажат последиците од економската криза многу Влади низ светот презедоа мерки во вредност од најмалку 8 милијарди долари.

XS
SM
MD
LG