Достапни линкови

Британскиот премиер со подобрена здравствена состојба на интензивна нега


Британскиот премиер Борис Џонсон - архивска снимка

Британскиот премиер Борис Џонсон останува во стабилна и подобрена состојба во интензивната нега, изјави министерот за култура Оливер Дауден за Би Би Си.

Борис Џонсон е во стабилна состојба

„Во однос на состојбата на премиерот, останува како што рековме вчера: тој е стабилен, се подобрува, седи и соработува со медицински персонал“, рече тој, додавајќи: „Мислам дека работите се подобри за него“. Џонсон, кој пред две недели имаше позитивен тест на коронавирус беше пренесен во болницата „Свети Томас“ во Лондон во неделата навечер, бидејќи имал висока температура и кашлица.

XS
SM
MD
LG