Достапни линкови

Продолжува министерскиот состанок на ЕУ за економскиот одговор на кризата


илустрација

Министрите за финансии на еврозоната денеска ја продолжуваат видео конференцијата во обид да се договорат за заеднички економски одговор на кризата предизвикана од коронавирусот. Претседателот на евро групата, Марио Сентено вчера изјави дека на состанокот кој почна во вторникот попладне и траеше 16 часа, министрите не успеале да се договорат за мерките. На состанокот имало спротивставени ставови меѓу северните и јужните земји членки кои бараат, како што се дознава во извори на ЕУ, невиден финансиски пакет.

ЕУ-министрите за финансии без договор го прекинаа состанокот за економските мерки

Оваа средба претставува одлучувачки тест за единството на земјите на Унијата кои не можат да си дозволат повторно да се разделат, по неуспешниот самит посветен на криза со вирусот што се одржа на 26 март. Пакетот се заснова на три основни оски, за кои министрите првично се согласија - за заем за помош од 240 милијарди евра за еврозоната, гарантен фонд за компаниите и поддршка за невработеност со скратено работно време. Сепак, државите кои се најтешко погодени од вирусот, особено Италија, продолжуваат да бараат создавање на заеднички должнички инструмент во форма на еврообврзници, понекогаш наречени корона обврзници, чија цел е повторно да ја поттикнат економијата откако кризата ќе заврши. На Италија и се спротивставија северноевропските земји, предводени од Германија и Холандија.

XS
SM
MD
LG