Достапни линкови

Полицискиот час од денеска од 16 до 5 часот


Полициски час во Скопје

Забраната за движење на населението на територијата на Македонија, од денеска почнува во 16 и завршува во 5 часот наутро во работните денови. Во деновите од викенд ќе има целодневен полициски час за сите граѓани, односно од 16 часот во петок до 5 часот во понеделник. Согласно одлуката на Владата, лицата над 67-годишна возраст од денеска можат да се движат надвор само од 10 до 12 часот од понеделник до петок, а младите до 18 години во работни денови ќе може да излезат од дома само од 13 до 15 часот.

Скопјанец заразен од коронавирус починал на пат кон болница

На јавни места е забрането движење на повеќе од двајца граѓани во групи, освен ако се работи за родител со свои деца кои имаат до 14 години. За земјоделските активности, дозволено е движење во територијата на селата и тоа само за работни потреби.

Забраната не важи за полицијата, армијата, здравствените работници, како и за маркетите и рестораните кои се доставувачи на производи. Аптеките ќе работат непречено.

XS
SM
MD
LG