Достапни линкови

САД со уште 225 милиони долари како помош на земјите против пандемијата


Мајк Помпео

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителни 225 милиони американски долари помош за земјите од целиот свет за борба против пандемијата на коронавирус. Државниот секретар Мајк Помпео рече дека целта е да им се помогне на странските земји да го засилат нивниот одговор на коронавирусот.

Разговори на Г7 за „дезинформациска кампања“ на Кина

Тој додаде дека парите може да се користат за дијагностицирање, спречување, контрола и зајакнување на националните здравствени системи. Средствата исто така ќе помогнат во подготовката на лабораториите за тестирање и обука на медицински професионалци. Соединетите држави минатиот месец најавија 274 милиони американски долари за превенција и третман на вирусни корони во 64 земји.

XS
SM
MD
LG