Достапни линкови

Словенечкиот парламент овозможува онлајн сесии поради коронавирусот


Словенија - илустрација

Словенечкиот парламент донесе закон, со кој му се овозможува да заседава преку интернет, ако тоа стане неопходно поради појава на коронавирус, изјави спикерот на парламентот, Игор Зорчиќ. Парламентот, исто така, донесе законодавство со кое ќе се овозможи побрзо спроведување на законите за време на кризата со коронавирус. Словенија досега има 1.055 потврдени случаи на коронавирус, а 36 лица починале.

Словенија ќе укинува дел од анти-корона мерките

До сега парламентарците се собираа во парламентот, а повеќето од нив носеа маски за лице во последните неколку недели.

Од средината на март, Словенија ги затвори сите училишта, барови, ресторани, хотели, спортски центри, културни институции и продавници, освен продавниците за храна и лекови. Го откажа целиот јавен превоз, вклучително и воздушниот сообраќај и им забрани на луѓето да ја напуштаат својата општина и да се дружат на јавни места.

XS
SM
MD
LG