Достапни линкови

Турција со медицинска помош за Македонија


илустрација

Во рамките на борбата со ковид-19, Турција ќе и даде на Македонија помош во медицински материјали. Вчера македонската влада го утврди текстот на договорот меѓу Северна Македонија и Турција за донација на медицинска опрема и средства наменети за здравствениот сектор која се состои од 50.000 парчиња заштитни медицински маски, 1000 заштитни скафандери и 1000 дијагностички тестови.

Ердоган најави нова помош за Србија

Авионот на турските воени сили кој го носи здравствениот материјал ќе слета на меѓународниот аеродром во Скопје попладне. Предавањето на здравствниот материјал ќе го изврши амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок.

XS
SM
MD
LG