Достапни линкови

Британскиот премиер се уште е на интензивна нега


Британскиот премиер Борис Џонсон

Британскиот премиер Борис Џонсон ја помина ноќта на интензивна нега во една централна лондонска болница, откако се влошија неговите симптоми на коронавирусот. Даунинг стрит објави дека Џонсон бил пренесен по совет на неговиот медицински тим и му била укажана „одлична грижа”. Претходно Џонсон побарал од секретарот за надворешни работи Доминик Раб да го замени „таму каде што е потребно“. Премиерот Џонсон беше примен во болницата „Свети Томас“ со „постојани симптоми“ во неделата вечер.

Кралицата Елизабета ги повика Британците да останат решителни

Кралицата Елизабета е информирана за здравјето на премиерот, пренесува Бакингемската палата.

Трамп: Американците се молат за Борис Џонсон
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:21 0:00

Светските лидери, вклучително и американскиот претседател Доналд Трамп и францускиот претседател Емануел Макрон, изразија поддршка за Џонсон.

XS
SM
MD
LG