Достапни линкови

Ердоган најави нова помош за Србија


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и српскиот претседател Александар Вучиќ - архивска фотографија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во писмо до српскиот претседател Александар Вучиќ најави испраќање нова помош за Србија и изрази сочувство „за сите изгубени животи, вклучително и државниот секретар на Министерството за животна средина Бранислав Блашиќ, поради пандемијата “ковид-19 “.

Димитров: Турција вети помош, чекаме помош и од Холандија, Шведска, Кина

Ердоган наведува дека пандемијата е „голема опасност за целиот свет“, соопштија од Кабинетот на претседателот на Србија за соработка со медиумите. “Се надевам дека медицинската опрема што ќе и ја испратиме на вашата земја оваа недела, покрај комплетите за тестирање што претходно ги обезбедивме, ќе претставува нашата поддршка за пријателите од Србија во нивната борба против пандемијата“, наведува претседателот на Турција.

XS
SM
MD
LG