Достапни линкови

ВМРО – ДПМНЕ: Мерките на владата се задоцнети


ВМРО-ДПМНЕ лого, амблем

ВМРО ДПМНЕ денеска објави соопштение во кое се наведува дека мерките на владата се задоцнети и со неправилна проценка.

Според нив, економијата оди кон амбис, а владата не презема ништо.

„Квазимерките кои ги најавија ќе остават десетици илјади работници без помош. Неделувањето на власта веќе остави над 20 отсто од вработените во државата без работа. Доколку нема суштинска помош за бизнисот ќе следи економска катаклизма со масовни отпуштања и затворања на фирми“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, бројот на заразени лекари се должи на тоа што се оставени да се борат без доволна заштитна опрема.

"Лекарите се борат голораки. Владата не обезбеди заштитна опрема и дозволи над 10% од заразените да бидат лекари" се наведува во соопштението.

Ригорозен полициски час за радикалната фаза на пандемијата

XS
SM
MD
LG