Достапни линкови

Вратени 130 македонски државјани од Лондон


Илустрација. Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија

Министерството за надворешни работи соопшти дека сто и триесет македонски граѓани со лет на Визер се вратени од Лондон.

Авионот полетал од аеродромот Лутон, во близина на Лондон, а во соработка со Британската амбасада во земјава, на летот кон Скопје биле преземени 60 странски државјани од Обединетото Кралство, САД и Австралија.

"По деветте чартер-летови за репатрирање македонски државјани од Малта, Хрватска, Словенија, Германија, Австрија и Швајцарија, денеска во соработка со амбасадата на Република Северна Македонија во Лондон, генералниот секретаријат на Владата, МВР и Министерството за здравство, МНР организираше чартер лет за враќање на затекнатите граѓани во Обединетото Кралство", информираше МНР.

Од таму додаваат дека денеска се организира и четврти по ред хуманитарен конвој, овојпат од Босна и Херцеговина и Црна Гора, со што во земјава ќе се вратат вкупно 64 македонски граѓани со 19 возила.

Вратени 118 Македонци од Малта, следува враќање од Хрватска

Во изминатите неколку дена на 30 наши граѓани од САД и Австралија им беше обезбедено да транзитираат низ неколку држави за да дојдат до финалната дестинација, аеродромите во Софија и Солун.

Со ова, вкупниот број на репатрирани граѓани во нашата земја, заклучно со денес е 2431.

Вратени 176 македонски државјани од Германија

XS
SM
MD
LG