Достапни линкови

Русија со двоен пораст на заразени од почетокот на епидемијата


Бројот на заразени од коронавирус во Русија надмина 6.000 лица по најголемиот двоен пораст на заразени од почетокот на епидемијата. Оперативниот штаб на руската Влада денеска соопшти дека се регистрирани 954 случаи во изминатите 24 часа, вкупно 6.343, од кои 4.484 заразени во Москва.

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи неработни денови за поголемиот број граѓани за да се намали ширењето на вирусот. Тој рече дека основните дејности ќе продолжат со работа и дека продавниците и аптеките ќе бидат отворени.

XS
SM
MD
LG