Достапни линкови

Бајден: демократската конвенција можно и преку видео-врска


Џо Бајден

Џо Бајден, кој има најголеми шанси да биде кандидат за претседател на Демократска партија не ја исклучи можноста конвенцијата за конечен кандидат на неговата партија да се одржи преку видео врска. “Поради епидемијата на корунавирус, конвенцијата би можело да се претвори во настан преку интернет”, изјави Бајден, кој беше потпретседател на САД за време на Барак Обама. „Треба да имаме конвенција. Може да биде видео-конвенција“, рече Бајден.

Трамп и официјално републикански кандидат за претседател на САД

Демократската конвенција првично беше закажана за средината на јули во Милвоки, Висконсин. Партијата потоа објави дека го преместува тој датум на 17 август, во истиот град. Пандемијата на коронавирусот ја наруши партиската кампања за претседателските избори во САД што треба да се одржат во ноември.

XS
SM
MD
LG