Достапни линкови

Кралицата Елизабета ги повика Британците да останат решителни


Кралицата Елизабета

Кралицата Елизабета му порача на британскиот народ во синоќешното ретко обраќање дека ќе ја надминат пандемонијата со коронавирус доколку останат решителни и единствени. Во само петтото телевизиско обраќање во нејзиното 68-годишно владеење, Елизабета ги повика Британците да покажат дека се исто толку силни како генерациите од минатото. „Заедно се справуваме со оваа болест и сакам да ве уверам дека ако останеме обединети и решени, тогаш ќе ја надминеме“, рече 93-годишниот монарх во обраќањето од нејзиниот дом, замокот Виндзор каде што престојува со нејзиниот сопруг принцот Филип.

Британскиот премиер Џонсон е позитивен на коронавирус

"И порано се соочувавме со предизвици. Но, ова е различно. Овој пат се придружуваме до сите нации низ целиот свет во заеднички обид, користејќи ги големите достигнувања на науката и нашето инстинктивно сочувство да се лекуваме”. До обраќањето дојде неколку часови откако официјални лица соопштија дека бројот на починати во Британија од вирусот се зголемил за 621 во последните 24 часа на 4.934.

XS
SM
MD
LG