Достапни линкови

При оружен напад во Кабул загина претседателски гардиста


Авганистанските власти соопштија дека при оружен напад загинал еден припадник на претседателската гарда во предградието на главниот град Кабул. Министерството за внатрешни работи соопшти дека друг припадник на претседателската заштитна служба бил ранет при истиот напад. Но, не соопшти дали и двајцата гардисти биле на служба кога се случил нападот.

Засега ниту една група не презеде одговорност, иако за слични напади во минатото одговорни беа Талибанците.

Припадниците на претседателската гарда се обучени од нивните американски колеги како елитна единици која се грижи за безбедноста на авганистанскиот претседател.

XS
SM
MD
LG