Достапни линкови

Саудиска Арабија ги отфрла обвинувањата на Русија за нафтата


Министерот за енергетика на Саудиска Арабија принцот Абулазиз бин Салман го отфрли обвинувањето на Русија дека кралството минатиот месец се повлекло од договорот за намалување на производството на нафта.Тој денеска, како што пренесува саудиската новинска агенција СПА, изјави дека таквиот коментар на рускиот претседател Владимир Путин за повлекување на кралството од ОПЕК е неточен и дека ситуацијата е обратна, односно Русија е таа што се повлекува.

Русија и Саудиска Арабија имаат несогласувања веќе еден месец, откако не успеаја да се договорат за намалувањето на производството.

Откако пандемијата со Ковид 19 се прошири речиси во целиот свет и замрзна економијата, цените на нафтата се во слободен пад. Земјите што произведуваат нафта и оние кои се членки на ОПЕК, разговараат за намалување на производството на нафта со цел да го намалат падот на цената на нафтата. Таков договор се очекува да постигнат заедно со земјите кои не се дел од ОПЕК, како и оние кои не вршат државна контрола врз производството, вклучително и САД.

XS
SM
MD
LG