Достапни линкови

Во Чешка над 4 илјади заболени и 53 починати од Ковид 19


Чешка, работник врши дезинфекција прозорец на банка во близина на реката Влтава

Во Чешка се регистрирани над 4 илјади случаи на заболени од Ковид 19, при што 53 од нив се смртни случаи. Овие информации доаѓаат на само две дена откако чешката Влада предложи вонредната состојба во земјата да биде продоложена за нови 30 дена. Тековната уредба за вонредната состојба истекува на 11 април.

Парламентот согласно Уставот треба да одобри продолжување на вонредната состојба. Владата предложи мерка со која им се дозволува на корисниците на банкарски услуги, како и тие кои имаат хипотеки, во наредните 6 месеци да прекинат со нивните исплати.

XS
SM
MD
LG