Достапни линкови

Дожд и облачно време за викендов


Облаци над Скопје

Денеска се очекува времето да биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини и од снег. Пообилен дожд може да има во јужните делови на земјата придружено со умерен ветер. Минималната температура ќе се движи од 2 до 6, а максималната од 7 до 12 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремен дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од три до 10 степени.

И во недела ќе има локални врнежи од дожд.Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Од понеделник следува период на сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

XS
SM
MD
LG