Достапни линкови

Димитров: Соработката во НАТО да се шири побрзо од пандемијата


Министерот за надворешни работи, Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска за прв пат ја претставуваше државата како полноправна членка на НАТО, на состанокот на Алијансата кој заради пандемијата на коронавирусот се одржа преку видео конференција.

Димитров, како што соопшти МНР, изразил благодарност до земјите членки за финализирањето на процесот на пристапување, овозможувајќи и на државата по две-децениски подготовки официјално да стане 30-та членка на Алијансата.

„Ова не е само наш успех. Ова е успех и за сите наши партнери во евро-атлантската заедница чии вредности се демократијата, човековите права и владеењето на правото низ единство и солидарност. Ширењето на соработката, помошта и информациите треба да биде побрзо од ширењето на пандемијата“, порача Димитров.

Тој ги посочил и мерките на Владата за справување со вирусот и ја подвлекол потребата од придонес на Алијансата по ова прашање во засегнатите земји- членки.

XS
SM
MD
LG