Достапни линкови

Кризниот штаб на Куманово побара целосен карантин на градот


Куманово. Илустрација.

Општинскиот кризен штаб на Куманово на денешната седница побара од Владата да воспостави целосна изолација, односно, карантин на градот со точно утврдени протоколи за однесување на институциите, граѓаните и правните субјекти со контролни пунктови на влезови и излези во Куманово.

Кризниот штаб го задолжи Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ да одбележи линии со растојание од два метри пред сите банки и пошти. Воедно апелираа граѓаните да се придржуваат до препораките на надлежните.

XS
SM
MD
LG