Достапни линкови

С. Македонија за прв пат на состанок на НАТО како полноправна членка


Министески состанок на НАТО - архивска фотографија

Преку видеоконференција денеска ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, на кој полноправно ќе учествува и Северна Македонија. Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, најавувајќи го министерски совет, рече дека за прв пат состанокот ќе се одржи преку безбедна видео врска меѓу триесетте земји сојузнички на НАТО. “Ке и посакаме добредојде на Северна Македонија како триесетта земја членка, дури и во овие тешки времиња продолжуваме да гледаме напред”, рече Столтенберг.

Столтенберг за РСЕ: НАТО ќе донесе економски просперитет

Алијансата денеска во најголем дел ќе се фокусира врз координирање на помошта во борбата против пандемијата со коронавирусот. “Ова е глобална здравствена криза. Нашите мисли се со сите жртви на пандемијата и нивните блиски. Им благодариме на сите оние што се во првите линии – здравствените работници, поддржани со цивилни напори. НАТО има своја улога да помогне во оваа борба со невидливиот непријател, изјави Столтенберг.

Славниот момент на Северна Македонија во сенка на коронавирусот

Вчера пак, руското Министерство за надворешни работи оцеи дека проширувањето на НАТО со С. Македонија создава нови поделби во услови на глобална закана од коронавирусот. Според Министерството, присоединувањето на Скопје кон Алијансата „не носи никаква дополнителна вредност ниту за регионалната, ниту за европската безбедност“.

XS
SM
MD
LG