Достапни линкови

Консултации за формирање на новите косовски институции


Претседателот на Косово, Хашим Тачи

Претседателот на Косово, Хашим Тачи по денешните одделни средби со премиерот во оставка Албин Курти и претседателите на Демократскиот сојуз на Косово и на Демократската партија на Косово Иса Мустафа и Кадри Весели, изјави дека наредните чекори за излез од ситуацијата создадена со изгласувањето недоверба на владата на Курти, ќе ги презема согласно Уставот и досегашната пракса.

Како што јавува дописникот на МИА од Приштина, Тачи изјавил дека консултациите со парламентарните политички партии ги врши со цел да ги оформи натамошните дејствија кои треба да ги преземе како претседател на државата по разрешувањето на владата.

„Моја основа за понатаму ќе биде целосното почитување на граѓанскиот легитимитет изразен на парламентарните избори од 6 октомври, имајќи го целосно предвид разрешувањето на Владата на 25 март. Сите мои натамошни дејствија ќе бидат транспарентни и целосно во согласност со Уставот на Република Косово, со законите, но и со поранешната пракса. А досегашните пракси се оние кои беа декларирани според волјата на политичките партии“, изјавил Тачи.

XS
SM
MD
LG