Достапни линкови

ЕУ: Мерките за кризата да не бидат товар врз демократијата


Архива - претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Во строго прикриено предупредување до десничарскиот унгарски премиер Виктор Орбан, извршната влас на Европската унија денеска соопшти дека мерките за итни случаи усвоени од земјите членки во борбата против кризата со коронавирусот, можат да ја поткопаат демократијата.

„Од најголемо значање е мерките за итни случаи да не бидат на товар врз нашите основни принципи и вредности...Демократијата не може да функционира без слободни и независни медиуми“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Изјавата доаѓа еден ден откако Унгарскиот парламент усвои легислатива со која на Орбан му се даваат нови овластувања под вонредната состојба, а можно и пошироко,во борбата против пандемијата со КОВИД-19.

Фон дер Лајен не ја именуваше Унгарија, но нејзината изјава сепак ќе се смета за укор кон владеењето на Орбан со усвојувањет на декретот.

„Сите мерки за итни случаи мора да бидат лимитирани на она што е неопходно и строго пропорционално. Тие не смеат да траат неодредено време“, вели Фон дер Лајен.

XS
SM
MD
LG