Достапни линкови

Американски конгресмени со критики против Орбан


Елиот Енџел

Двајца членови на американскиот Конгрес го осудија новото законодавство во Унгарија кое на премиерот Виктор Орбан му дава големи овластувањата во вонредна состојба за борба против пандемијата на КОВИД-19. Елиот Енџел, претседател на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом и сенаторот Џим Риш претседател на Комисијата за надворешни односи на Сенатот, изјавија дека е особено вознемирувачко што сојузникот на НАТО и членка на ЕУ ќе спроведува, како што се наведува „безобразно грабната моќ“ што му овозможува на Орбан „да владее со декрет како диктатор“.

Унгарскиот парламент му одобри вонредна моќ на Орбан

Вчера унгарскиот парламент одобри нацрт-законот со кој и се овозможува на владата неодредено време да ја продолжува вонредната состојба со што се отстранува сегашниот услов пратениците да одобрат какво било продолжување. Исто така, се воведуваат затворски казни до пет години за секој што шири „лажни вести“ за вирусот или мерките против него, предизвикувајќи нови грижи за слободата на печатот.

XS
SM
MD
LG