Достапни линкови

Дука бара тестовите од Дебар да бидат приоритетни


Дебар- блокадата на Бошков мост поради ситуацијата со коронавирусот во градот, 26.03.2020

Градоначалникот на Дебар и раководител на општинскиот оперативен штаб, Хекуран Дука побара тестовите за анализа кои се испраќаат во Скопје да се извршуваат што е можно побрзо. Според него, тестовите треба да имаат приоритет, бидејќи општините Дебар и Центар Жупа се уште се региони кои се третираат како кризни подрачја. Дука побара од надлежните побрзо да ги исполнат нивните барања за испраќање на гиниколог, анестезиолог и средномедициски кадар, како и медицински апарати.

„Сметаме дека овие наши барања се минимални и може да се реализираат, бидејќи Дебар е кризно подрачје а тоа бара итна реализација на нашите потреби, посочи Дука.

Конвојот со 114 лица не излезе од Дебар, прво ќе се тестираат за коронавирус

Тој оцени дека безбедносната состојба е добра и не се регистрирани прекршувања за време на полицискиот час. Според него, лицата во домашна изолација постојано се контролираат од страна на полицијата. На домашно лекување се 27 лица, кои редовно ги посетува медицинска екипа,нагласи Дука.

XS
SM
MD
LG