Достапни линкови

Во Иран нови 139 смртни случаи од кронавирус


Жители на Иран носат маски за заштита од коронавирусот

Иран објави 139 нови смртни случаи од коронавирус, со што вкупниот број на жртви изнесува 2517. Портпаролот на Министерството за здравство Кијануш Јаханпур изјави дека во рок до 24 чеса биле регистрирани 3076 нови случаи, а вкупно заболени во државата има 35.408 лица. Иран е една од најтешко погодените земји во светот од смртоносниот вирус, заедно со Соединетите држави, Италија и Кина.

Од коронавирусот во светот починале 15 илјади луѓе

Претходно оваа недела, властите донесоа нова забрана за патувања по стравувањата дека многу Иранци ги игнорирале претходните совети да останат дома и да ги откажат плановите за новогодишните празници кои започнаа на 20 март.

Претседателот Хасан Рохани вети дека властите ќе го спречат ширењето на коронавирусот во рок од две недели.

XS
SM
MD
LG