Достапни линкови

Времето денеска - Претежно облачно и врнежливо


Денеска времето ќе биде претежно облачно, ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови од земјава, соопшти УХМР. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 8 до 13 Целзиусовистепени.

Во Скопје слично време со повремен дожд и максимална температура до 11 степени. Маврово 3, Охрид, Крива Паланка и Берово 8, Битола 9, Кавадарци 12, Дојран 13.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 11 до 15 степени.

XS
SM
MD
LG